RESOR – цистерна за питка вода

Специјалисти за комунални надградби

Во јужниот дел на нашиот северен сосед, во околината на Ниш, уште од 1992 година функционира „RESOR”, компанија која се бави со конструкција и производство на камионски надградби наменети за специјалните потреби на комуналните служби

Комуналните претпријатие секогаш имаат свои специфични потреби. Секако, не без добри причини. Секој застој во обавувањето на општествените активности оди на нивна сметка додека функционирањето на урбаните системи се смета за цивилизациско постигнување кое треба постојано да се надоградува.

Тоа подразбира функционирање на цела низа дејности, од собирање на сметот, преку превоз на вода за пиење и комунална вода па се до транспорт на отпадни води и горива.

Токму за задоволување на тие потреби „RESOR” ангажира одбрана екипа конструктори и работници чии производи најпрвин беа усмерени за задоволување на домашниот српски пазар, но набргу потоа станаа составен дел на возниот парк на комуналните претпријатија и на останатите држави од регионот.

Во зависност од специфичните потреби, надградбите на „RESOR” можат да бидат монтирани врз шасии од различни марки, вклучително и Iveco, Mercedes, Mitsubishi, Volvo, DAF, FAP, или по посебна желба на купецот.

ACV – Цистерна за питка вода

Во производното портфолио на српската фирма покрај останатите се наоѓаат и надградби на цистерни наменети за превоз на питка вода.

Добро е познато дека токму превозот на питка вода спаѓа во комуналните активности со посебна специфика. Освен транспортните капацитети на цистерната, питката вода помеѓу останатото треба да биде заштитена и од биолошки и хемиски влијанија, Поради тоа материјалите од кои се изработува цистерната треба да ги исполнуваат строгите санитарни критериуми и да покажат постојаност при долгорочна употреба.

Од спецификите според кои Resor ги изработува своите цистерни за превоз на питка вода најпрвин ќе го издвоиме товарниот волумен на резервоарот кој може да изнесува помеѓу 4 и 16 метри кубни. Вградените пумпи имаат капацитет за испумпување од 800 до 1.100 литри во минута под притисок кој се движи помеѓу 6 и 8 bar.

Вкупната маса на надградбата се движи во границите помеѓу 500 и 2.000 kg додека вкупната маса на неоптеретеното возило треба да се движи помеѓу 3 и 12 t. Предвидено е базниот камион е да биде опремен со погонски мотор чија силина се движи помеѓу 130 и 270 КС.

По специјална порачка, цистерната за питка вода, може целата да биде изработена од Inox додека како опција се нудат посебни славини за истекување како и разни врсти на црева и посебна опрема помеѓу кои се вбројува и опремата за прскање на патиштата.