Akia Metrobus

Најдолгиот градски автобус во светот

► Турската компанија Akia, по улиците на Бурса во експериментална употреба го пушти најдолгиот градски автобус во светот. Akia Metrobus има капацитет за превоз на 290 патници со што се очекува да ја игра улогата на надземно метро

Akia , малку познатиот турки производител на автобуси произведе автобус кој со своите 25 метра должина, моментно е најдолгиот автобус во светот наменет за градски превоз на патници.

Оригиналниот дизајн со два зглоба и пет носечки оски, го движи мерцедесов дизел мотор од последната генерација кој ги исполнува најстрогите Euro 6 норми. Со едноставна замена на дизелот со два електромотори со силина од 215 КС, автобусот може да се претвори во тролејбус и воопшто да не ја загадува средината.

Во Metrobus се вградени осум двокрилни врати преку кои можат да влезат 290 патници, на кои на располагање им се ставени само 29 места за седење. Веднаш станува јасно дека првенствената намена на Metrobus е брз превоз низ густо населени ураби средини.

Поради големата должина и габаритите, овој автобус е предвидено да се движи само по посебни коловозни ленти и да запира на постојки кои се на поголеми меѓусебни растојанија.