Драгоцени примероци од подземјето
► Geoprobe е најпознатиот светски производител на машини, опрема и алати наменети за подземни дупчења кои се користат за потреби на животната средина, потоа за геотехнички како и испитувања за потреби во геотермалната енергија и истражувачката индустрија
Да се земе примерок од утробата на земјата секогаш претставувало предизвик за научниците и инженерите. Да се има вистинска слика за составот на тлото во длабочина, за инженерите значи проектирање, димензионирање и изведување на објекти врз реални сознанија. Без разлика дали треба да се земе примерок од земја, од камења или пак со хидролошки содржини, Geoprobe ќе може да понуди адекватна дупчалка со специфичен прибор.
Понудата започнува од мали дупчалки кои можат да се користат при екстремно тесен простор па се до големи самоодни платформи. Ако одреден корисник има посебни барања во однос на бушењето стручните екипи на производителот можат да развијат посебен машина или алат и позитивно да одгогорат на барањето. Од широката плаета на производи, во случајов ќе се осврнеме на моделот Geoprobe 6712DT.
Geoprobe 6712DT
Разгледуваме мобилна дупчалка со компактни димензии која според големината е сместена во втората половина на патот помеѓу најкомпактните и најголемите дупчалки на Geoprobe. Посебност на оваа машина е што е изградена врз модуларен принцип, за транспортните потреби таа може да се разглоби на три составни компоненти и потоа на самата локација за само 15 минути повторно да се состави и да биде веднаш подготвена за акција.
Овој тип на машина се движи со помош на сопствен погон на гасеници, така да пристапот и до тешките терени не претставува никаква пречка. Во краткиот опис на 6712DT би стоело дека таа може да работи по принцип на ударен двонасочен чекан со една брзина или пак со двонасочно сврдо со два степени на брзината.
За погон се користи читирицилиндерски дизел мотор со потекло од Kubota кој ослободува 44 КС. Со хидрауликата се оперира на многу едноставен начин преку интиутивниот команден пулт.
Оперативната тежина на машината, со помош на ултра лесна носечка структура, е задржана под 3t (2.946 kg) а за да се стекне впечаток за габаритите ќе ги споменеме максималниата должина (во склопена состојба) од 2.912 mm и височината од 2.108 во склопена, и 3.899 mm во расклопена состојба.
И сега најважното: под хидрауличен притисок од 234 bar одот на дупчалката изнесува 1.676 mm. Кога е вграден ударен чекан, тој дејствува со вртежен момент од 759 Nm, удира со фрекфенција од 32 Hz, а во двата правци се врти со брзина од 240 вртежи во минута. Притоа брзината на макарата се движи помеѓу 0 и 33,5 m.
Ако пак во функција на дупчење на првата ударна линија се наоѓа спирално сврдло неговиот момент, во зависност од пониската (0-70 врт/мин) или повиската (0-150 врт/мин) брзина, изнесува помеѓу 3.389 Nm и 1.694 Nm.
Одржувањето на дупчалката е искличително едноставно и се сведува на контрола и замена на фитрите на моторното масло и хидрауличната течност.