Strassmayr BF 290 – Машина за проширување патишта

Кога патот станува претесен

► Моделот BF 290 на Strassmayr е специфициран за покривање на сите задачи поврзани со работа покрај патишта. Освен проширувањето на делниците, машината може да пополнува и ровови ископани при поставувањето на инсталации


6maxresdefault334681-d6173b034c855836315c15d81b7b48a3strassmayr_bf__-__0_1_2Strassmayr BF 290 машината е опремена со водено ладен KUBOTA дизел мотор и има моќен хидрауличен систем што ја управува транспортната трака за материјал. Капацитетот на поставување хидраулички се прилагодува, како и аголот на инклинација, дебелината на слојот, прилагодување со камионот што доставува материјал, и др.
Таа е дизајнирана да ги реши сите аспекти на работа покрај патиштата, како што се проширувањето на патот, риголи, како и пополнување на ровови од инсталација на кабли или цевки.
Во Strassmayr BF 290 можат да бидат поставени секаков вид на материјал: земја, чакал, бетон, асфалт. Машината има капацитет на поставување од 300 тона на час и претставува сестрана машина како за градителите на патишта така и за градежните инженери.

Примена: Секаков вид асфалтни мешавини, чакал, некои типови бетон, песок, земја и др.
Потребна машина за придвижување: Натоварувач од било кој бренд со моќност на моторот со најмалку 70 KW.
Процесот на поставување е континуиран, без проблем се постигнува капацитет од 5 km/дневно.
Предната плоча со можност за подигање, овозможува материјалот во бункерот да не испадне надвор за време на работата.

Технички податоци:
Тежина: 2.200 kg
Работна ширина на поставување: 0 – 2.000 mm
Висина на транспортната трака: 510 mm
Висина на поставување материјал: + 240 mm  / – 330 mm
Агол на поставување +/- 15
Мотор Кubota D 722 (20 КС)

Друга дополнителна опрема е понудата на специјална транспортна трака со повисок отпор на висока температура, за достава на жежок асфалт.

1. Strassmayr BF 290 монтирана на утоварувач – Автопат A1 близу Хамбург, Германија
Плочата за монтажа е опремена со брзи спојки за поврзување со возилото носач
2. Strassmayr BF 290 монтирана на трактор со дополнителен хидрауличен проток – градски пат покрај Минхен, Германија
Ракувањето на машината се изведува со 2 лица – управувачот на машината и возачот на тракторот
3. Strassmayr BF 290 монтиран на телескопски утоварувач – Автопат A2 во Полска
На сликата е прикажана машина со поставување од левата страна. Овој тип на машина е доста корисен при изградба на автопати, кога доставата на материјал може да биде изведена само од една страна на патот
4. Четка со хидруаличен погон, монтирана на Strassmayr BF 290, е дополнителна опрема за чистење на рабовите од патот